Sunday, December 20, 2015

Широк Сокак во Битола

Широк Сокак (познат и како „Битолско корзо“) — најпрометна и најпозната улица во центарот на Битола, со бројни дуќани и локали. Денес е строго пешачка улица, а некогаш по неа се движеле и автомобили. На Широк Сокак се наоѓаат најголемите продавници, ресторани, театарот со опера, галерии и многу други кафулиња и клубови. Тука се сретнуваат најстарите архитектонски дела и градби на Балканот, коишто го красат градот уште од турско време. Типично турски куќи, покрај прекрасните вили, не се реткост во овој дел на градот. А на самиот крај на Широк Сокак се наоѓа спортската сала Младост и се влегува во простран цветен парк полн со дрвореди, којшто води до стадионот Тумбе кафезоолошката градина и античкото пронаоѓалиште Хераклеја Линкестис.
Во 1904 г. пионерите во киното браќата Милтон и Јанаки Манаки купуваат парцела на Широк Сокак, кадешто во 1905 г. го наместиле фотографското ателје.








Главното обележје на Битола-Саат Кулата

Саат-кула во Битола — времемерно здание во градот Битола и една од најпознатите негови знаменитости.. Не се знае точно кога е изградена, иако постојат пишани извори од XVI век кои споменуваат саат-кула, но не е утврдено со сигурност дали се работи за истата градба. Многумина веруваат дека е изградена во исто време со црквата „Св. Димитрија Солунски“, поточно во 1830 година. Според легендата, кулата е изградена кога отоманските власти во градот, односно Турците, поминале по сите околни села и собрале околу 60.000 јајца од коишто направиле малтер. Од смесата измешана со камења ја изградиле кулата чии цврсти ѕидови стојат и денес неоштетени.
Кулата има основа во облик на квадрат и е висока околу 30 метри. На врвот на кулата се наоѓаат тераси со ковани огради, а на сите страни на терасите се наоѓаат конструкции коишто држат светилки со помош на што целата кула и нејзиниот часовник се видливи и ноќе. Часовникот се наоѓа на најгорното од трите нивоа. Првобитниот часовник е заменет за време на Втората Светска војна со понов и многу попрецизен часовник. Новиот саат го купиле нациститево знак на благодарност на граѓаните за германските гробишта коишто ги подигнале за жртвите од конфликтот во Битола, заедно со англиските и француските гробишта за време на Првата Светска војна.
Саат-кулата за многумина е и симбол на градот Битола. Кулата се наоѓа во паркот каде што постојано се собираат млади, уживајќи во центарот на градот. Паркот е исто така место кадешто граѓаните за време на Бадниковата вечер го чекаат Божиќ и притоа палат свеќи за здравје, долж тревникот и тротоарот на паркот каде што е кулата.



Пелистерски очи (Големо езеро)

Пелистерските Очи се леднички езера на Пелистер. Тие се две на број и се нарекуваат уште и Големо и Мало Езеро. Големото Езеро се наоѓа на надморска височина од 2.218 м, долго е 233 м, а широко 162 м. Малото Езеро се наоѓа на надморска височина од 2.180 м долго е 79 м а широко 162 м. Големото е длабоко 14,5 м а малото 2,6 м. Веднаш крај Големото Езеро има планинарски дом со капацитет од 50-100 легла и прекрасни терени за планинарењеалпинизам, планински велосипедизам и спортување. До езерата може да се стигне од две страни по две одлично обележани планинарски патеки. Едната патека води од с.Нижеполе од месноста Лак Поток (бараки) или ски-лифтот преку пределот Дебел Рид, а другата по која може да се движат и џипови и теренски возила започнува од хотелот „Молика“ и преку месноста Јоргов Камен, минувајќи зад Малото Езеро завршува кај планинарскиот дом до самото Големо Езеро. До Малото Езеро води и добро обележаната планинарска патека која води од планинарскиот дом на Големото Езеро (1 до 1,5 часа) кон највисокиот врв на целата планина - Пелистер (антени) висок 2601 метар. Во Големото Езеро живее и малуброен ендемски вид на риби. Во летниот период во студените води на двете езера често се капат многу посетители и планинари. Единствената точка од која може во видикот да се здогледаат двете езера се наоѓа веднаш штом се искачи на котата односно сртот над планинарскиот дом на Големото Езеро на патеката која води за врвот Пелистер и Малото Езеро.








ПОЗНАТА ЛЕГЕНДА ЗА ПЕЛИСТЕРСКИТЕ ОЧИ.

Меѓу народот постои следното предание (легенда) како настанале овие две леднички езера познати како Пелистерски или Горски Очи. Во дамнешни времиња во минатото, на планината Баба под Пелистер живееле братчето Јорго и сестричката Флора кои имале свое стадо овци кое среќни го напасувале по целата планина. Еден ден братчето се изгубило, по што сестрата започнала безуспешна потрага по која започнала непрестајно деноноќно да плаче и жали за својот загубен брат. Плачејќи непрестајно, солзите се слевале во двете вдлабнатини во кои се создале овие езера. Изнемоштена од тага, сестрата пред да почине кога ги видела убавите езера кои се создале им проговорила ако некогаш го видат нејзиниот брат да му пренесат да се измие и напие од нивните води за така таа да го помилува

Хераклеа Линкестис

Штом го направиш првиот чекор низ тесните улички на Хераклеа под твоите нозе ќе се распостели историјата и минатото. Името на Хераклеа Линкестис неминовно го навраќа секој од нас со векови назад, во периодот на IV век п.н.е. кога овој град е основан од страна на Филип II. Наоѓајќи се на најзначајната сообраќајница од тоа време





Хераклеа станува и најважна нејзина станица во регионот.
Ваквиот нејзин статус неминовно влијае и врз нејзиниот брз развој што е сосема очигледен не само од историските извори туку и од материјалните остатоци на денешниот локалитет.
Секој камен секој постамент обвиен со својата мистичност го носи бремето на минатото. Ги напластува врз себе и хелинистичкото време но и римскиот период. Ги испреплетува и ја создава единствената вистина за овој град каде наизменично се среќаваат градби од едно или друго време, каде се издигаат столбови и се протегаат мозаици.
Портикот од судницата (крај на III век) во кого стојат статуите на доброчинителот и првосвештеникот на Хераклеа - Тит Флавиј Орест, статуата на богинката на правдата и судбината - Немеза е првата градба која ќе ве дочека при прошетката низ Хераклеа. Водоводната мрежа (почетокот на IV век ) која се наѕира при секој следен чекор низ улицата не води и до Термата (почетокот на IV век) со своите три простории. Тие ќе прозборат за една друга, секојдневна димензија на човековото живеење за квалитетот на живот и за грижата за сопственото здравје и хигие





Општо за градот Битола

Битола — град во југозападниот  дел на Македонија административен, културен, економски, индустрискиобразовен и научен центар за тој дел од земјата. Градот е познат под името град на конзулите бидејќи тука се наоѓаат дел од конзуларните претставништва во Република Македонија. Битола е втор по големина град во Македонија според бројот на жители. За време на Југославија бил еден од културните центри, како во Кралстово Југославија така и во СФРЈ. Таткото на турската нација Кемал Ататурк завршил офицерска школа во Битола. Некои негови работи денес се чуваат во Народниот Музеј.




-Широк Сокак во Битола






-Споменикот на Филип Втори